Вејтерс и Казнс играчи на неделата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дион Вејтерс од Мајами и ДеМаркус Казнс од Сакраменто се прогласени за најдобрите играчи на неделата во НБА.

Вејтерс го носеше тимот од Флорида до резултат 4-0, а Мајами ја продолжи серијата на 7 победи. Тој има просек од 23.3 поени и 5 асистенции.

Од друга страна, Казнс го водеше Сакраменто до 3-1. Тој имаше неверојатен просек од 27.8 поени, 14.5 скокови, 6 асистенции, 1.5 украдени топки и 1.25 блокади по натпревар.