Дортмунд веќе пронајде замена за Обамејанг?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд пополека се спрема на живот без Габонецот Пјер Емерик Обамејанг кој овој клуб треба да го напушти во наредното лето.

Обамејанг на лето ќе наполни 28 години и сосема е јасно дека повеќе не може да чека на нареден трансфер, односно да премине во поголем клуб.

Борусија ни во оваа сезона не пружа партии какви од нив се очекува, па Обамејанг неодамна изјави дека веројатно ќе го напушти клубот на лето.

За неговите услуги се интересираат бројни клубови и Дортмунд сигурно нема да може да оддолее на тие налети.

Токму поради тоа во Дортмунд, како и секогаш, размислуваат чекор однапред.

Нивна замена за Левандовски беше токму Обамејанг кој стигна од Сент Етјен, а замена за Обамејанг треба да биде Инаки Вилијамс, фудбалер на Атлетик Билбао.

Како што пренесува шпанска Марка, Дортмунд на лето треба да понуди околу 50 милиони евра за овој фудбалер, што не би трабел ода биде проблем дека за Обамејанг ќе добијат барем 20 милиони повеќе.

Вилијамс е фудбалер кој има само 22 години, а во оваа сезона во Ла Лига постигна два погодоци на 20 меча. Покрај тоа , запиша и шест асистенции.