Пристигнуваат подобри денови во Милан – Наредната недела стигнуваат 320 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан оваа зима донесе само 2 фудбалери на позајмица. Но со оглед на условите во кои работеше Галијани само тоа можеше да се очекува.

Милан едноставно нема пари. Тие се принудени да донесат мали позајмици или играчи бесплатно. Не успеаа да продадат никого оваа зима. Бака одби да замине и Галијани остана без пари.

Сепак, наредното лето ќе се смени тоа. Во наредната недела би требало да стигнат нови 320 милиони евра од Кина за првата рата за купувањето на Милан.

Минатото лето Кинезите требаше да го купат Милан, но преговорите се одложија и 3-ти март беше поставен како краен рок.