Клоп му одговори на Мурињо!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мурињо беше бесен, повторно незадоволен од судењето против Хал.

„Вчера еден менаџер викаше на судијата, а потоа беше пофален дека тоа е страст. Мојот приговор беше доживеан како напад и бев казнет, морам да седам за да не бидам повторно исклучен. Јасно е дека правилата не се исти за сите“ – изјави Мурињо после дуелот со Хал .

Очигледно мислеше на Јирген Клоп.

Клоп го прокоментираше кажаното на Мурињо на денешната прес-конференција.

„Беше тоа емотивен натпревар. Сите се бориме, јас, Венгер, Мурињо. Понекогаш добиваме казна, некогаш и не. Веројатно јас имав среќа бидејќи четвртиот судија го кажа последниот збор. Да кажеме, бев полош кога бев млад, но се поправив. Незнам зошто Мурињо ме спомна мене“ – изјави Клоп.