Од Баерн потврдија дека постоела понуда од 100 милиони евра за напаѓач!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот шампион и еден од главните фаворити за освојување на ЛШ, Баерн Минхен не беше многу активен овој трансфер период.

Тоа и не ги загрижи многу навивачите на клубот, Анчелоти знае што прави. Тоа што во последно време ги загрижува навивачите на Баерн е формата на Милер кој е далеку од формата во која беше претходните сезони.

Против Вердер, Милер не одигра ништо и беше заменет после еден час игра.

„Не сум загрижен за Томас. Јунајтед беше спремен да плати 100 милиони евра за него пред само една година“ – изјави Ули Хенс

„Немам сомнежи дали повторно ќе биде тој стариот. Тој е еден од клучните играчи. Сепак не сакаме да вршиме притисок врз тренерот кога во прашање е Милер“ – додаде првиот човек на Баерн.