Победа доведе две засилувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот прволигаш, Победа доведе две засилувања.

Се работи за Звјездан Ѓорѓиловиќ и Бојан Георгиевски.

Ѓорѓиловиќ е лев бек, а во кариерата го имаше носено дресот на Борац Чачак, Слога Пожега и Дрина Зворник, а одигра половина сезона во Јамајка во тимот на Мондего Беј Јунајтед од каде што стигна во Победа.

Георгиевски е десен бек, а стигна од Нефтохимик од Бугарија. Десниот бек го има носено дресот на Вардар, Металург, Бате Борисов, Сконто Рига и Хоризонт Турново.