„Паје вредеше 50 милиони фунти“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот играч за врска Димитри Паје го напушти Вест Хем во јануарскиот преоден рок и потпиша за Марсеј.

Сопствениците на Вест Хем беа незадоволни бидејќи за Паје на крајот добиле „само“ 25 милиони фунти, а едне од нив Дејвид Голд смета дека требаше да добијат два пати повеќе.

„Тој вреди меѓу 40 и 50 милиони фунти. На отворениот пазар би вредеше најмалку 35 милиони фунти. Моравме да донесеме одлука. Не сакавме да оди и сакавме да го задржиме. Тренерот сакаше тимот да го гради околу него, но нажалост, некои работи станаа невозможни. Пробавме да направиме се што е можно, но на крајот сфативме дека нема да може“, рече Голд.

Да потсетиме дека Паје одбиваше во последните недели да игра за Вест Хем и дека оваа екипа беше принудена да го продаде.