Голден Стејт убедлив – Голем пресврт на Атланта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во НБА минатата ноќ беа одиграни 4 натпревари.

Екипата на Вашингтон на домашен терен го победи Лејкерс со 116:108 и така стигна до 16-та победа по ред на домашен терен. Најдобар беше Џон Вол со 33 поени и 11 асистенции. Кај гостите Џордан Кларксон постигна 20 поени.


Атланта победи на гостувањето кај Хјустон со 113:108. Најдобар во натпреварот беше Хардавеј со 33 поени додека Харден постигна 41 поени, 8 скокови и 8 асистенции.

Убедлива победа и за Сан Антонио. Екипата на Попович беше подобра од Филаделфија со 102:86. Најдобар беше Леонард со 19 поени додека кај гостита Илјасов беше најдобар со 25 поени и 10 украдени топки.

Голден Стејт го победија Клиперс со 133:120. Кари постигна 29 поени и 11 асистенции додека кај гостите Грифин постигна 31 поени и 8 украдени топки.