Томас, Кари и Дурант се најдобри во јануари!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарот на Бостон, Томас е избран за играч на месецот во Истокот додека Кари и Дурант се прогласени за најдобри на Западот.

Томас во јануари постигнуваше во просек по 32.9 поени и 6.9 асистенции и го однесе својот клуб до резултат 10-4.

Кари во минатиот месец имаше просек од 27.8 поени додека неговиот соиграч Дурант имаше просек од 27.4 поени.

Кари и Дурант го носеа тимот на Голден Стејт до резултат од 12-2.

Бекот на Голден Стејт имаше и 6.9 асистенции и 4.5 скокови, а Дурант има 7.1 скокови и 4.6 асистенции по натпревар.