Барселона го ангажираше Хавиер Мунфорд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Барселона по секоја цена сака да избори пласман во топ 8 во Евролига.

Барселона во моментов е во лоша серија и по се изгледа дека ќе се вратат во победничка форма, а играч кој е донесен да им помогне во тоа е Мунфорд.

Овој 24-годишен кошаркар, кој првиот дел од сезоната го помина во Мемфис, ги договори условите и до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Барселона.

Мунфорд последниот ангажман го имаше во Гринсборо Сварм за кој играше откако доби отказ во Мемфис.

Во Барселона доаѓа како замена за Ренфроу кој доживеа лоша повреда.