„Не сум загрижен поради шпекулациите за заминување!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот тренер на клупата на Вест Хем, Славен Билиќ поминува низ тежок период.

Освен проблемите со повредите на фудбалерите, тој има проблем и со формата на својот тим.

Вест Хем минатата сезона ги победуваше фаворитете, но оваа сезона ситуацијата е спротивна.

Медиумите пишуваат дека времето поминало за Билиќ и дека тој ќе добие отказ наскоро, но тој не е загрижен поради тоа.

„Не сум изненаден поради таквите шпекулации. Многу тренери во Англија често ги слушаат. Не сум загрижен, само се обидувам да работам.“

Наредната шанса да го поправи впечатокот, Вест Хем ќе има против Саутемптон.