Анастасов и Гоновски се новите засилувања на Новаци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот второлигаш, Новаци доведе нови две засилувања.

Голманот Никола Гоновски и фудбалерот за врска Александар Анастасов се новите фудбалери на Новаци. Во зимскиот преоден рок во Новаци пристигнаа и Марковски, Степановски и Велјановски.

Гоновски бранеше во Пелистер, Победа и Напредок, а Анастасов има играно за Пелистер и Витез.

Со овие засилувања новачани ќе се обидат да стигнат до првата лига.