Волкот влезе во историјата на Премиер Лигата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тео Волкот денеска беше неприметен во дресот на Арсенал, беше поприлично лош па после 70 минути игра беше заменет.

Тоа што е интересно во целата приказна е тоа што Арсен Венгер по 100ти пат го замени Тео Волкот во премиерлигашки натпревар.

Не можеме ова да го наречеме достигнување со кое Волкот би требало да биде горд, повеќе зборува за неговата физичка подготвеност.

Инаку, Арсенал после денешниот пораз останува 12 бодови позади Челси.