Н’Диаје и Ниасе го исфрлија Ливерпул од борбата за титула, шест парчиња за Борнмут на Гудисон од Евертон


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од 24-то коло во ПЛ се одиграа уште шест натпревари.

Ливерпул загуби кај Хал со 2:0.

Единствениот погодок на натпреварот го видовме пред крајот на првото полувреме кога Н’Диаје ја затресе мрежата на Мињоле.

Во второто полувреме Мињоле му одбрани на Абел. Конечните 2:0 ги постави Ниасе во 84-та минута.

Овој пораз на Ливерпул може и значи елиминација од борбата за титула во ПЛ.

 

Во останатите натпревари Сандерленд убедливо го победи Кристал Палас на гости, 0:4, Евертон на Гудисон го петардира Борнмут, 6:3, Вест Хем со пресврт го победи Саутемптон, 1:3, Вотфорд го победи Барнли, 2:1, а ВБА минимално славеше против Стоук.