Три парчиња на Камп Ноу за Билбао – Барселона се приближи на бод до кралскиот клуб (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона на Камп Ноу го победија Атлетик Билбао со 3:0 во натпревар од 21-то коло во Ла Лига.

На почетокот на натпреварот Раул Гарсија ја погоди стативата. Потоа Ињаки имаше шанса за погодок со глава, но неговиот шут беше непрецизен.

Неискористените шанси на Билбао, Барселона ги казни во 18-та минута кога Пако Алкасер на асистенција на Нејмар му донесе водство на каталонците.

Во 40-та минута Лионел Меси од слободен удар го зголеми водството на 2:0.

Погодокот за 3:0 го постигна Алеиш Видал во 67-ма минута од натпреварот. До крајот на натпреварот фудбалерите на Барселона имаа уште шанси за погодок, но Ираизоз не дозвол да прими четврт погодок на денешниот натпревар, 3:0.

Барселона после оваа победа има само еден бод негатива во однос на лидерот Реал Мадрид кој има два натпревари помалку.