Време беше да победат – Фернандо Торес го среди Легањес на Калдерон (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон го победи Легањес со 2:0 во натпревар од 21-то коло во Ла Лига.

Сиовас во 14-та минута направи прекршок во казнениот простор, а судијата досуди пенал. Антоан Гризман шутираше, но голманот на Легањес одбрани. По одбиената топка Фернандо Торес му донесе водство на Атлетико Мадрид.

На полувреме јорганџиите заминаа со минимална предност, 1:0.

Фернандо Торес во второто полувреме го постигна вториот погодок на денешниот натпревар. Асистент за погодокот беше Кореа.

Атлетико Мадрид успеа да победи после два натпревари во кои ремизираше. За јорганџиите ова беше 11-та победа оваа сезона во Ла Лига.