„Не е проблемот во карактерот“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Венгер вели дека неговите играчи имаат карактер, иако беа поразени од Челси.

Челси победи со 3:1 и така продолжи да оди кон титулата во ПЛ.

„Имавме добар став, но искусните играчи не одиграа како што можат, дадовме се од себе, но ни недостигаше зрелост во почетокот на натпреварот.“

„Челси делуваше моќно, но тоа е впечаток кога вашиот тим се обидува да поврзе додавања и така да биде опасен, а противникот игра на контра. Ние имаме карактер. Денес едноставно се беше против нас.“