„Нема смисла да играме вака“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не знаеше како да го објасни новиот пораз на својот тим, а овој пат од Хал со 2:0.

Ливерпул се наоѓа во очајна форма, не победи на последните 5 натпревари и сега има 13 бодови помалку од Челси.

„Во овој момент ова очигледно не беше доволно добро. Првото полувреме не беше добро. Многу лесно дозволивме да примиме 2 голови. Нема смисла да играме вака.“

„Да играме цел натпревар како 2-то полувреме ниту еден тим не би можел да игра против нас. Но мораме да се разбудиме, ова е неприфатливо. Имам многу мисли во овој момент, но морам добро да размислам.“