Муриел ја продолжи црната серија на росонерите – Сампдорија на Сан Сиро го победи Милан (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Сампдорија го победија Милан на Сан Сиро минимално во натпревар од 23-то коло во Серија А.

Донарума во 26-та минута фантастично го одбрани ударот на Линети. Неколку минути подоцна Бертолачи шутираше од далечина, но неговиот шут беше запрен од Вивиано.

На полувреме 0:0.

Делуфеу на почетокот на второто полувреме ја погоди стативата. Фудбалерот на Милан, Палета направи прекршок во казнениот простор дваесет минути пред крајот на натпреварот. Муриел ја намести топката на белата точка и погоди за водство на гостите.

Лападула имаше шанса за израмнување, но Вивиано не го дозволи тоа. Соса во 90-та минута доби втор жолт картон и го остави Милан со 10 фудбалери на теренот.

Сампдорија на крајот ја запиша осмата победа оваа сезона. За росонерите ова беше трет пораз во низа.