Манчестер Сити има нов херој – Габриел Жесус со два погодоци го среди Свонси (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Свонси на Итихад во натпревар од 24-то коло во ПЛ, 2:1.

Граѓаните после единаесет минути игра имаа водство. Габриел Жесус ја затресе мрежата на гостите.

Јаја Туре од слободен удар се закани, но Фабиански фантастично одбрани. На полувреме Манчестер Сити замина со минимално водство.

На почетокот на второто полувреме голманот на Сити, Вили Кабаљеро фантастично му одбрани на Сигурдсон кој шутираше од слободен удар.

Девет минути пред крајот на натпреварот Сигурдсон постигна погодок од далечина за израмнување.

Габриел Жесус во 93-та минута ги постави конечните 2:1 и му донесе победа на Манчестер Сити.

После денешната победа, Сити се искачи две позиции погоре т.е на третата позиција. Граѓаните имаат два еден бод помалку од Тотенхем кој е втор, а десет помалку од лидерот Челси.