„Тери е од голема важност за тимот!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дека дефанзивецот Тери го води главниот збор во соблекувалната на Челси потврди и Конте.

Тери во последно време не е во сериозните планови на Челси и капитенската лента се наоѓа во посед на Кејхол, меѓутоа Тери и понатаму има голема важност за тимот.

„Сакам да нагласам дека Тери е наш капитен. Тој многу добро работи и ни помага многу, не само на мене туку и на соиграчите. Неговиот став и однесување се фантастични. Гери е негов заменик и тој е капитен кога Џон не е на теренот.“

Последниот натпревар Тери го одигра во ноември минатата година.