Вардар СЦЈС декласиран од Хорс 65 во Шведска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Почетокот на натпреварот им припадна на домаќинките кои имаа серија од 5:1. Тоа беше причина за тренерот Симе Симовски да побара тајм аутот. Советите вродија со плод и за четири минути Вардар СЦЈС постигна три гола во серија за намалување на резултатот на 5:4. Откако Вардар постигна уште еден гол за намалување на водството на Х65 на 6:5, домашниот тим мораше да добие дополнителни совети од својот тренер.

Од таа 20-та минута кога Вардар последен пат постигна гол, следуваше „црн период” во играта на ракометарките. Ништо не поминуваше во напад, а одбраната лесно дозволуваше да биде пробиена. До крајот на полувремето домашните ракометарки имаа серија од 6:0, па заминаа со предност од 12:6.

Второто полувреме се надевавме дека нешто ќе се смени, но после седум минути Симе Симовски повторно мораше да бара тајм аут. Х65 водеше со 17:5 што беше највисоко водство до тој момент на средбата. Вардарки повторно играа лошо, и во напад и одбрана, а секоја наша грешка беше казнувана со гол од противникот.

Дури во 38 минута Вардар ја прекина лошата серија, и постигна гол, прв по 20 минута кога последен пат реализираше. И не еден, туку Вардар СЦЈС успеа да врзе два гола по ред, за 17:7. Потоа повторно имавме лош период без постигнат гол, и во 48 минута Х65 водеше со 22:9. Последните десет минути Вардарки постигнаа три гола, но предноста на Х65 остана двоцифрена, 26:13.

Реваншот се игра на 12-ти февруари во Скопје, во 13:00 часот.