Пелистер повторно ремизираше, овој пат против Фероникели


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Пелистер ремизираа на подготовките во Анталија против Фероникели од Косово, 1:1.

Косовскиот клуб со погодокот на Хоти после петнаесет минути игра. Во 33-та минута Антонио Бујчевски го израмни резултатот.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот.

На досега одиграните четири натпревари на во Анталија, битолскиот клуб исто толку пати ремизираше. Нерешено одиграа против Монтана, 0:0, Ботев, 2:2, Кајсери, 2:2 и денес со Фероникели, 1:1.