Проблеми во Барселона – Тер Штеген му го скрши носот на Рафиња!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Рафиња заработи повреда на носот на натпреварот со Атлетико Билбао по судирот со својот голман Тер Штеген.

Тој ненамерно го удри Рафиња со рака по лице, но бразилскиот фудбалер мораше да го напушти теренот со крваво лице.

Рафиња поради тоа ќе мора најверојатно да го пропушти натпреварот од ½-финале со Атлетико во вторник, како и првиот натпревар од 1/8-финале против ПСЖ на 14 февруари.

Наскоро ќе биде познато колку точно ќе паузира Рафиња.