Жестоко дерби во Србија – Партизан беше подобар од Црвена Звезда!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот помеѓу Партизан и Црвена Звезда во АБА лигата.

Во натпреварот во Србија беше виден жесток натпревар уште од првата минута на натпреварот помеѓу Партизан и Црвена Звезда, а поуспешен беше тимот на Партизан во првата ¼-на со 21:17.

Потоа следуваше многу подобра игра на гостите кои успеаа да ја надокнадат негативата на Партизан, па на полувремето 2-та тимови заминаа со нерешен резултат, односно 46:46.

Во третата 1/4-на видовме повторно одлична игра на двата тимови и неколку пресврти на двата тимови, а на крајот во тој дел подобар беше тимот на Црвена Звезда со 26:21.

Последниот дел донесе повторно големи возбудувања, а тимот на Партизан одлично влезе во 1/4-та и успеа да ја надокнати негативата и да стигне на крајот до победа со 86:81.

Најдобар играч на натпреварот беше Хечер од тимот на Партизан со 20 постигнати поени.

Претходно се одигра натпреварот помеѓу Игокеа и Задар, а поуспешен беше тимот на Игокеа по голема борба со 78:77.