Менаџерот на Свонси кука на судиите!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Свонси остана со празни раце на гостувањето кај Сити, а бодот им го украде Габриел Хесус, стрелец на двата гола за Сити.

Пол Клемент, менаџерот на Свонси и покрај сета доминација која екипата на Пеп ја имаше на теренот, ги обвинува судиите.

„Разочаран сум поради околностите кои не доведоа до нов пораз. Пред се, Нарсинг не би рекол дека направи фаул над Коларов. Според мене, срамота е тоа да се досуди. И покрај тоа, прекршокот да се изведува 15 метри подалеку од контактот. Да не беше досуден тој фаул, ќе имавме бод“ – изјави Клемент.

Тој изјави дека неговата екипа заслужено дошла до изедначување 10 минути пред крајот.