Македонија против Белорусија ќе одигра пријателски натпревар во март


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација на 28-ми март ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Белорусија на Националната арена во Скопје.

Најдобрата македонска репрезентација на 24-ти март со натпреварот на гостински терен против Лихтенштајн го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија, а четири дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар против Белорусија на Националната арена во Скопје.

Македонија и Белорусија беа во иста квалификациска група за пласман на ЕП 2016 година, противникот славеше во Скопје со 2:1, во Минск одиграае без погодоци.

Натпреварот Македонија – Белорусија на 28-ми март е закажан во 18:00 часот.