Касерес на нови лекарски прегледи!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на Јувентус, Мартин Касерес упорно бара клуб.

Во Трабзон не помина на лекарските прегледи, во Милан некако помина но неможеше да се договори за финансиските услуги.

„Касерес мислеше само на пари. Ние му понудивме колку можевме. Му посакувам среќа во барањето клуб. Верував дека ќе биде корисен во одбраната бидејќи може да покрива насекаде, но сега ќе чекаме Антонели и Де Шиљо да се опорават“ – изјави Галијани.

Претходно му пропадна и трансфер во Фиорентина, а сега најверојатно пронајде клуб.

Се работи за Саутемптон, таму Касерес сега ќе ја бара својата среќа во фудбалската кариера, веќе отпатува за Англија каде во текот на денот го очекуваат лекарски прегледи.