Тешки закани на Флорентино – Реал Мадрид нема да игра во Ла Лига?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино наводно е бесен на управата на Ла Лига поради одложување на натпреварот со Селта.

Реал требаше да гостува во Виго во неделата, но натпреварот беше одложен поради големото невреме кое го оштети стадионот на Селта.

Во Реал се незадоволни што штетата не е поправена на време и што Ла Лига не дозволила одигрување на натпреварот.

Според медиумите, Перез бил толку лут што се заканил дека нема да играат повеќе во Ла Лига и предложи формирање на европска Суперлига во која би учествувале најдобрите клубови, а за тоа се зборува веќе со години.

„Никој од целата организација не може да сфати како се става одигрувањето на натпреварот пред безбедноста на публиката. За безбедноста на играчите не треба ниту да се трошат зборови.“

Реал е лидер во Ла Лига со бод повеќе од Барселона, но има 2 натпревари помалку од својот најголем ривал.