„Трансферот на Фетел е наивно да се спореди со тој на Шумахер!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стариот ас во Ф1 смета дека Ферари ниту оваа сезона нема многу да слави, а Фетел би можел да се пресели во Мерцедес кога ќе добие шанса.

Џерард Бергер беше активен од 1984 до 1997 година и за тоа време освои 48 подиуми и 10 победи. Без оглед на тоа што Бергер никогаш не беше шампион, тој смета дека преминувањето на Фетел од Ред Бул во Ферари од стартот беше погрешен потег на двете страни.

„Михаел Шумахер имаше луѓе од Бенетон покрај себе, а што имаше Себастијан? Требаше да направи истото, да донесе важни личности со себе во новиот тим.“

Бергер зборуваше за Шумахер и Фетел и приказните дека Германецот ќе замине во Мерцедес.

„Ете, јас не верувам дека Ферари нешто важно ќе смени оваа сезона. Тоа е мое мислење, а и за Еклстоун можам да каќам дека е создавач на овој спорт и тоа таков каков што е тој.“