„Знам каде ќе оди Кеси на лето“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Аталанта Алехандро Папу Гомез смета дека Франк Кеси веќе е играч на Рома.

Талентираниот Кеси се поврзува со многу гиганти после одличната сезона, но неговиот соиграч открива дека наводно веќе прифатил на примен во Рома.

„Мислам дека Кеси веќе е во Рома од лето, но не сум сигурен“, рече Гомез, кој исто така може да гои напушти тиумот од Бергамо.

„Имав повик од Милан, но засега ништо. Ќе видиме што ќе биде. Чекам повик од некој гигант“, додаде Гомез кој има 29 години.

Кеси се смета за еден од најдобрите млади играчи за врска во светот, а во оваа сезона во 17 одиграни натпревари постигна седум голови со две асистенции.

Член е на селекцијата на БСК и се смета за новиот Јаја Туре.