Кинезите не се откажуваат – Шопингот во Серија А продолжува!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес го купија Ернанеш од Јувентус, Канаваро и неговиот Тијанџин се во трка за Хрват, а имаат и алтернатива.

Ернанеш ќе замине во Хебеи. Бразилецот заминува за 8 милиони евра по сезона, а Јувентус ќе заработи 11, колку што го плати на Интер.

Што се однесува до Никола Калиниќ и Тијанџин приказната не е завршена.

Фиорентина ја прифати понудата од 38 милиони евра, Хрватот размислува, а би зарабитувал по 12 милиони евра по сезона.

Сега шансите се уште поголеми, а Канаваро подготви и резервна опција.

Станува збор за Фелипе Андерсон од Лацио за кого подготвиле дури 50 милиони евра. Тој не е класичен напаѓач, но по се изгледа дека Римјаните се подготвени да го пуштат за тие пари.