Падна најтешката одлука – Германецот заминува од фудбалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Филип Лам ја донесе најтешката одлука во кариерата.

Лам наводно одлучил да се пензионира на крајот на оваа сезона, откако цела професионална кариера ја помина во Баерн.

Лам на почетокот на февруари стигна и до 500-от настап за гигантот од Германија, а по пензионирањето требаше да добие некоја улога во тимот.

Овој фудбалер има намера да започне веднаш со тренерска работа за да добие искуство во тоа поле.

Да се потсетиме, се шпекулираше дека тој ќе донесе таква одлука, а по се изгледа дека стигна и потврдата.

Лам одигра 113 натпревари за Германија и постигна 5 голови.