Голем удар за Португалија пред мечот со Велс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И Португалија се соочува со повреди…

Според пишувањата на странските медиуми, стоперот на Португалија Пепе е под знак прашање за полуфиналниот меч од ЕВРО со Велс.

Тој денеска не можеше да тренира поради повреда на задната ложа добиена во мечот од четвртфиналето со Полска.

После деталните прегледи, се огласи и стручниот медицински тим.

„Пепе има силни болки во пределот на мускулот на задната ложа поради тоа не беше во состојба да тренира денеска. Ќе видиме што ќе биде до утре, ние правиме максимални напори со цел да го вратиме во погон и да го оспособиме за мечот со Велс што ќе биде многу тешко“, рекоа докторите.

Кога се работи за повреда, најголеми проблеми со неиграње има германската селекција.

Во составот нема да бидат Кедира, Гомез и Хумелс но и Швајнштајгер е под знак прашање.