Баварците минимално против Волфсбург – Даглас Коста го однесе Баерн во 1/4 финале (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен на Алијанц Арена минимално го победија Волфсбург во натпревар од 1/8 финалето во германскиот куп.

Единствениот погодок на натпреварот го видовме во 18-та минута кога Даглас Коста шутираше, некој од фудбалерите на гостите го промени правецот на топката, а Кастелс остана немоќен.

Во второто полувреме на Алијанц Арена мрежите мируваа. Волфсбург преку Мали имаше шанса десетина минути пред крајот на натпреварот, но Ноер не дозволи да прими погодок.

После денешната победа Баерн се пласира во 1/4 финалето во германскиот куп. Хамбургер, Билефилд и Борусија Менхенгладбах се останатите 1/4 финалисти.