Три црвени картони, промашен пенал и реми на Камп Ноу – Барселона е првиот финалист во купот на кралот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона и Атлетико Мадрид ремизираа на Камп Ноу во натпревар од реваншот во 1/2 финалето во купот на кралот, 1:1.

Голманот на каталонците, Силесен беше одличен на почетокот на натпреварот. Одбрани фантастично по ударите на Караско и Гризман. Неискористените шанси на јорганџиите ги казни Луис Суарез во 43-та минута.

Од 57-ма минута Барселона остана со 10 фудбалери на теренот бидејќи Роберто доби втор жолт картон. Дваесетина минути пред крајот Караско доби втор жолт картон, па силите беа израмнети на теренот. Меси подоцна од слободен удар ја погоди пречката.

Пике направи прекршок во казнениот простор, а Гамеиро ја намести топката на белата точка и ја погоди пречката. Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро подоцна се извлече за промашениот пенал и ги постави конечните 1:1. Во 90-та минута доби втор жолт картон и Барселона остана со 9 фудбалери на теренот.

Барселона во вкупен резултат 3:2 се пласира во финалето во купот на кралот.