Дали Монтела е разочаран од новото засилување?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Винченцо Монтела зборуваше за засилувања, едно го издвои, но во негативна смисла.

Фудбалерите на Милан се во ужасна форма, не победија на последните четири натпревари во Серија А, забележаа три порази по ред, па се наоѓаат дури на седмото место во ова натпреварување.

Се почесто се зборува и за заминување на Винченцо Монтела, се споменува Манчини како потенцијална замена, ќе видиме дали нешто ќе се промени кога ќе дојде конечно до таа промена во сопствеништово.

Тоа што во овој момент го знаеме е дека Милан не игра како што се очекува, а многумина удрија по новото засилување, Жерар Делуфеу.

Овој Шпанец кој стигна на позајмица од Евертон не успеа да постигне ниту еден гол ниту да забележи асистнеција во првите три меча за Милан.

„Очигледно е дека има квалитет. Мора да напредува во смисла на конзистентноста во текот на натпреварот и мора да биде поодлучен. Може тој многу подобро и сигурен сум дека ќе биде подобар“, рече Монтела.