Рафаел Надал – Би сакал да бидам претседател на Реал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рафаел Надал никогаш не криел дека е голем навивач на Реал Мадрид. Иако неговиот чичко Мигуел во текот на 90-те години беше еден од најдобрите играчи на Барселона, сепак познатиот тенисер е верен навивач на Реал.

Надал во разговори за медиумите откри дека еден ден би сакал да влезе во тимот, поточно да биде претседател.

„Би сакал да станам претседател на Реал. Кој не би го посакал тоа? Тоа е најголемиот клуб во светот и јас го сакам, но никој не знае што може да се случи во иднина. Сега тоа е невозможно затоа што јас сум активен и не размислувам за повлекување.“