Има ли војна помеѓу „Војниците“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голден Стејт доминираат оваа сезона, но последниот инцидент во Сакраменто помеѓу Дрејмонд Грин и Кевин Дурант отвора прашање дали атмосферата е во ред.

Новата во низа караници се случи во поразот на Голден Стејт од Сакраменто.

„Екипа која нема такви работи е најверојатно губитничка. Но тие кои ги зголемуваат работите се дефинитивно губитници.“, изјави Грин.

Тренерот Стив Кер и првата ѕвезда на тимот Стеф Кари исто така не даваат големо значење на овој инцидент.

„За нас тоа не е ништо посебно. Се трудиме да бидеме конструктивни во наоѓањето на начин за да бидеме подобри.“

Голден Стејт има резултат од 43-8.