„Лам е еден од најголемите“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Филип Лам изјави дека ќе ја заврши својата фудбалска кариера на крајот од сезоната, што беше и тема на денот во Германија.

По тој повод се огласи и Мехмет Шол, кој рече дека Лам е еден од најголемите германски фудбалери на сите времиња.

„Ова е тажна вест како за мене така и за навивачите на Баерн. Филип на 70% од одиграните натпревари беше одличен, а на останатите 30% играше како играч од светска класа. Тој е рамо до рамо со Бекенбауер, Милер, Матеус. По мое мислење, најдобриот германски фудбалер во поновата историја“ – изјави Шол.

Лам одигра повеќе од 500 натпревари за Баерн и освои се што можеше да се освои