Кротоне издржа само едно полувреме – Манџукиќ и Игуаин му донесоа нова победа на Јувентус (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус го победија Кротоне на гости со 0:2 во натпревар од 18-то коло во Серија А.

Јувентус веднаш тргна по погодок. Дибала имаше неколку шанси за погодок во првото полувреме, но Кордаз беше одличен на голот.

На полувреме на семафорот стоеа почените 0:0.

После половина час игра Јувентус стигна до водство. Марио Манџукиќ ги израдува бјанконерите.

Конечните 0:2 ги постави Гонзало Игуаин петнаесетина минути пред крајот на натпреварот. Пјаниќ имаше шанса да зголеми на 0:3, но ја погоди стативата.

Јувентус после денешната победа има 7 бода предност во однос на второпласираната Рома и 9 бода предност во однос на Наполи кој е трет на табелата во Серија А.