Убедлив пораз на соколите од Тиват


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи загубија на гости од Тиват со 98:81 во натпревар од БИБЛ лигата.

Тиват после првата четвртина имаше минимална предност, 23:22. На почетокот на втората четвртина соколите го презедоа водството. Во последната минута од првото полувреме петте поени на Дамјановиќ во низа му донесоа на домашните водство од три поени на полувреме, 44:41.

Доминација на кошаркарите на Тиват во третата четвртина. Соколи постигнаа само 18 поени, а примија 31. Огромна предност од 16 поени имаа домашните пред последните десет минути од натпреварот. Домашните во последната четвртина ја одржуваа предноста која на крајот изнесуваше, 17 поени, 98:81.

Кусовац со 22 поени го предводеше Тиват до убедливата победа. Кај Карпош Соколи најефикасен беше Сепа со 22 поени. Лабовиќ постигна 14, Трајковски 12, Зековиќ и Соколов по 8, Пенов и Кнежевиќ по 6, Јакимовски 3 и Сапунџиев 2 поени. Пери немаше свој ден, за 20 минути не постигна ниту еден поен.