Пеќ му го нанесе првиот пораз на Куманово во главната фаза во БИБЛ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Куманово загубија од Пеќ на гости со 85:68.

Кумановци после првата четвртина имаа водство од четири поени, 15:19. Во втората четвртина кошаркарите на Пеќ одиграа подобро и на полувреме заминаа со 7 поени предност, 43:36.

Третата четвртина беше лоша за кошаркарите на Куманово. Пред последните десет минути од натпреварот имаа негатива од 15 поени, 68:53. Пеќ на крајот победи со 85:68 и му го нанесе првиот пораз на Куманово во главната фаза.

Рандлс со 25 поени ја предводеше Пеќ. Браун беше најефикасен кај Куманово со 19 поени. Мијатовиќ додаде 16, Караџовски 10, Живановиќ 9, Пековиќ 6, Јанески и Пековиќ по 4 поени.