Барселона ја декласира Гвадалахара – Слабо издание на Лазаров, фантастична вечер на Борко


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ракометарите на Барселона на домашен паркет убедливо ја победија Гвадалахара со 32:21 во натпревар од 17-то коло во лига Асобал.

Каталонците доминираа од стартот и првото полувреме го добија со 18:9. Барселона на крајот победи со двоцифрена предност, 32:21.

За Барселона ова беше 17-та победа во 17 кола во лига Асобал.

Јеспер Недесбо со 6 погодоци ја предводеше Барселона до големата победа. Македонскиот ракометар, Кирил Лазаров постигна само 1 погодок на овој натпревар од 4 обиди. Борко Ристовски беше фантастичен на голот на Барселона. Натпреварот го заврши со 22 интервенции.