Изненадувањето е Лоте, Дортмунд потешко од очекуваното се пласираше во 1/4 финале (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште четири натпревари се одиграа од 1/8 финалето во купот на Германија.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд после пенали ја победија Херта и се пласираа во 1/4 финале.

Калу во првото полувреме му донесе водство на Херта.

На почетокот на второто полувреме Ројс го израмни резултатот.

Резултатот после 90 минути беше 1:1, па се отиде на продолженија. После двете продолженија немаше промена на резултатот, па победникот се решаваше на пенали. Сократис во второто продолжение доби втор жолт картон, па го напушти натпреварот предвреме.

На пенали подобри беа милионерите и се пласираа во 1/4 финале.

Останати четвртфиналисти се Лоте, Шалке и Франкфурт.