Харден добива одлична помош на патот кон титулата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хјустон оваа сезона играат навистина добро.

Предводени од Харден, Хјустон моментално е 3-ти тим во Западот и ќе биде сигурно голема закана за фаворитите за титулата.

Таа борба би можела да стане и поинтересна, бидејќи како што стојат работите во наредните денови Харден ќе добие дополнителна помош.

Нов играч би можел да стане Серж Ибака.

Медиумите пишуваат дека Хјустон е заинтересиран за крилниот центар на Орландо и дека ќе се обиде да го донесе до крајот на преодниот рок.

Ибака би донел дополнителна сила во рекетот, а покрај него би можел да заигра и Коста Куфос.

Сеуште нема понудено Хјустон размена за Ибака кој игра одлично оваа сезона и постигнува по 15 поени и 7 скокови.

Претходно Ибака играше за Оклахома, а од лето ќе биде слободен играч.