Македонец на мета на Атлетико Мадрид и Севиља!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нашиот фудбалер, Илија Несторовски е најсветла точка на екипата на Палермо оваа сезона.

Несторовски веќе има постигнато 9 погодоци за Палермо, но со оглед на тоа дека Палермо е во опасна криза и во зоната за излегување од лигата, тешко дека ќе успеат да го задржат Илија во својот тим.

Интерес за нашиот фудбалер има од Атлетико Мадрид и од Севиља, а медиумите велат дека и двата тима се доста заинтересирани за нашиот фудбалер што наскоро би можеле да испратат и конкретни понуди на Сицилија.

Несторовски изникна во прилепска Победа, па после 4 години таму отиде за Чешка каде што остана 2 сезони, па една сезона во Металург од Скопје и пред да дојде во Палермо ова лето 3 сезони беше во Интер Запрешиќ