„Топ 4 не е за прослава!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако пласманот помеѓу 4-те најдобри пласирани тимови во ПЛ ќе биде тешка мисија за Манчестер Јунајтед, сепак Керик смета дека не би требало тоа да се доживува како успех.

На 14 кола до крајот на сезоната во ПЛ, Челси има дури 14 бодови повеќе од Јунајтед, кој моментално е на 6-та позиција.

Јунајтед оваа сезона може да ја освои титулата, ама само теортески додека Керик смета дека ниту едно друго сценарио не е причина за прослава.

„Ако завршиме како 4-ти, 3-ти или втори, тоа не е нешто со што би требало да славиме. Се знае што е прослава, а тоа е титулата.“

„Не велам дека мала работа е да се пласирате во ЛШ затоа што тоа е натпреварување за најдобрите, но според мене пласманот во топ 4 не е за прослава.“