Лионел Меси потпиша нов договор со Адидас!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси реши да продолжи да биде иконата на Адидас, од Барселона на фејсбук објавија дека Меси потпиша нов договор со Адидас, но за нов договор со клубот нема сеуште никакви новости.

Тој е нивна фигура веќе неколку години, а ќе продолжи да биде и во иднина. Ова е прво потпишување на голем договор во 2017, наскоро се очекува и да потпише нов договор со Барселона.

Неговиот татко, а воедно и негов агент Хорхе Меси наскоро ќе се сретне со првите луѓе на Барселона во врска со неговиот договор.

Меси да потсетиме има договор со Барселона до 2018, доколку не го продолжи ќе може да премине во друг тим и тоа бесплатно што е малку веројатно.