„Браво е еден од најдобрите голмани во светот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола изјави дека тоа што Браво не бранеше против Свонси не е никаков знак за негова продажба, изјави дека тој е еден од најдобрите голмани во светот моментално.

Браво пристигна летото како замена за Џо Харт кој е во Торино на позајмица.

„Моето мислење за Браво останува исто. Тој е врвен играч, голем голман. Еден од најдобрите во светот. За мене тој е врвен голман“ – изјави Пеп Гвардиола.

Прокоментира и за можното враќање на Џо Харт: „Јас одлучувам по тоа што го гледам. Браво е одличен во Сити, Харт не брани во Сити туку во Торино“